Листа на Поинтересни Прашања и Одговори



1. Прашање: Дали може да се наплаќа сметката за греење со платежна картичка преку траен налог?
  Одговор: Доколку сте корисник на платежна картичка во Стопанска Банка, Комерцијална Банка или Тутунска Банка може да Ви се наплаќа од вашата с-ка. Пријавете се во некој од нашите наплатни пунктови или кај вашата Банка.

2. Прашање:
Како се врши промена на податоци кои се евидентирани за корисник?
  Одговор: Се користи образец БАРАЊЕ. Тој се доставува лично во некој од нашите пункови затоа што во прилог обично треба да се достават и документи како доказ за сопственост при промена на корисник или пак да се изврши плаќање за испуштена технолошка вода при интервенција на внатрешна инсталација или да се плати за интервенција за исклучување на грејните тела и сл.

3. Прашање:
Како се регулира обврската кон топлификациониот систем ако се исклучи стан?
  Одговор: Корисниците на топлинска енергија кои ќе го исклучат станот од топлификационата мрежа, доколку живеат во истиот стан, ќе бидат целосно ослободени од плаќање на надомест за топлинска енергија. Доколку не живеат во станот, ќе бидат задолжени со 50% од вкупната сума за потрошена топлинска енергија.
Исклучувањето на становите се врши согласно ОДЛУКА за определување на цени за пробно греење, испуштање на хемиски припремена вода, приклучување и исклучување од топлификациониот систем. Се користи образец БАРАЊЕ.


 

 

 

 
 
адреса:
Лондонска бб
1000 Скопје

www.toplif.com.mk
e-mail:
toplif @toplif.com.mk

Активности

-


- Производство и дистрибуција на топлинска енергија,

- Подготовка на студии, инвестициони програми и комплетна техничка документација за експлоатација на термална енергија, централни топлификациони системи и дистрибуција на гас,

- Додатна научно-истражувачка работа во полето на топлинска енергија,

-Конструкција и инсталација на централна топлификациона мрежа и дистрибуција на гас и транспорт на течни горива,

- Продажба на течни горива,

- Подготовка и одржување на продукти од полето на прецизна механика,

- Поправка и одржување на опрема за електрични мерења и регулација,

- Метрологија,

- Дистрибуција на природен гас.

 

 

Гл. Страна | Акти... | Прашања... | Информации